Ирис во живо

Е-пошта Печати PDF

Следете ја програмата на ТВ Ирис - Штип на интернет - 24 часа на ден.



Денес на програмата   ::     Вести (видео)


 

Со воена вежба на Криволак одбележана завршницата на првиот „Летен кампус 2010“

Е-пошта Печати PDF
arm-mПрвиот меѓународен Летен кампус 2010, во организација на Македонската Воена Академија, заврши денес со Воено-тактичка симултано оперативна вежба за Меѓународна стабилност.

Питомците од прва година, воената обука ја реализираа во соработка со претставници од Турција, САД и Србија, а наставата се одвиваше на англиски јазик. Странските воени експерти беа најзадоволни од изборот на теренот во Криволак, затоа што истиот ги рефлектира условите во Авганистан.

Ажурирано ( петок, 09 јули 2010 17:50 ) Повеќе...
 

На терасата „Сквер паб“ вистинска драма со среќен епилог

Е-пошта Печати PDF

drvo-skver-mВо кафулето, за штипјани познато како „Сквер паб" во центарот на градот поточно на терасата од истото, денес вистинска драма, со среќен епилог. Се скрши гранка од дрвото, кое што е познато по својата сенка во летниот период. Гранката падна врз масите кај гостите и за среќа не повреди никого.

Ажурирано ( петок, 09 јули 2010 14:55 ) Повеќе...
 

Семинар за основно образование - деветолетка

Е-пошта Печати PDF

seminar-mДенес во ОУ „Тошо Арсов" наставниот кадар од регионот се обучуваше како поуспешно од септември може де се вклопи во комбинираното оценување низ основното образование.

Проектната активност е во организација на Бирото за развој на образованието. Обуката ја реализираше Голубинка Ѓоргиевска, советник во Бирото за развој на образованието - Кочани.

Ажурирано ( четврток, 08 јули 2010 15:11 ) Повеќе...
 

Брегалница тренира во Кежовица

Е-пошта Печати PDF

Останаа уште двеасетина дена до стартот на новата прволигашка сезона, а со тоа и надежта на фудбалското раководство на Брегалница за засилување на клубот. Неуспешни беа преговорите со Аксентиев, кои по се изгледа се загуби таму некаде по Албанија, Трајчов има нерасчистени сметки со Силекс, а Славче Велковски упорен да најде ангажман и оди на проба во повеќе екипи.

Ажурирано ( понеделник, 05 јули 2010 17:14 ) Повеќе...
 

Комисијата за здравство на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип и граѓаните

Е-пошта Печати PDF
vmro-zdravstvo-mКомисијата за здравство на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип, мисли за здравјето на штипјани! Локацијата кај Градскиот пазар е местото за медицинскиот пункт, каде граѓаните во периодот од три последователни седмични петоци ќе имаат можност бесплатно да си го проверат крвниот притисок и шеќерот во крвта.
Ажурирано ( понеделник, 05 јули 2010 17:12 ) Повеќе...
 

Штип добива, се повеќе и повеќе цвеќе

Е-пошта Печати PDF

cvekinja-mПаркот кај Безистенот доби нова цветна содржина. ЈП „Исар" ќе продолжи со уредувањето и на останатите Јавни зелени градски простори, вели раководителот на РЕ „Паркови и зеленило", Игне Иванов.

Ажурирано ( четврток, 01 јули 2010 18:40 ) Повеќе...
 

Урбана летна појава „разладување“ која по се изгледа на одговорните институции не им пречи!

Е-пошта Печати PDF

cigani-reka-mОтиња продолжува да биде простор за летно разладување на малите ромчиња, а за оваа наша урбана појава сеуште институциите не реагираат соодветно. Затоа тука е камерата на Ирис, која што забележува, се и сешто.

Ех да беше полно со вода коритото на нашата Отиња! Можеби тогаш, сите штипјани ќе имавме градска плажа со сите нишани, за летно градско рекреативно, или пак ако сакате, туристичко разладување. Сега засега, тука е само неубавата слика од секојдневието на ветувањето штипско кое не се знае до кога ќе се вика „Штипска брана на реката Отиња".

Ажурирано ( среда, 30 јуни 2010 16:54 ) Повеќе...
 

Законот вели: „Нема огревни дрва пред порти!“

Е-пошта Печати PDF

borce-vezenkov-mОпштинскиот комунален инспектор, Борче Везенков потсетува за еколошката законска обврска, која што граѓаните треба да ја почитуваат, а се однесува, за тоа колку време огревните дрва на штипјани треба им стојат надвор, непрописно складитани и незаконски наредени.

Ажурирано ( четврток, 08 јули 2010 15:12 ) Повеќе...
 

Колекторот на ЈП„Исар“ и штипското летно секојдневие

Е-пошта Печати PDF
vase-arsov-mСмрдеата од река Брегалница, во околината на колекторот во УЗ „8-ми ноември" и ова лето, проблем за штипјани. Велат дека деновиве се чуствува постојано.

ЈП „Исар" знае за проблемот. Од РЕ „Водовод и канализација" ветуваат дека работите, за конечно решение ќе ги стават под контрола, но апелот до несовесните граѓани држи место.

Ажурирано ( понеделник, 05 јули 2010 18:19 ) Повеќе...
 

Официјален почеток на дваесет и петтото по ред „Штипско културно лето 2010“

Е-пошта Печати PDF
teatar-mПо повод официјалниот почеток на ШКЛ 2010, вчера вечер на сцената на НУКЦ „Ацо Шопов", велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот" ја изведе претставата „Баханалии" по текст на Горан Стефановски, а во режија на Наташа Поплавска.

Во главната улога на Дионис штипската публика го виде Васил Зафирчев, а улогата на Пентеј во претставата ја игра Маја Љутков. Сценографијата е на Емил Петров, костимографијата е од Александар Ношпал, музиката на Џенгис Ибрахим, а кореографијата на Олга Панго.

Ажурирано ( понеделник, 05 јули 2010 18:19 ) Повеќе...
 

Соработка помеѓу НУБ „Гоце Делчев“ - Штип и Градската библиотека на Задар

Е-пошта Печати PDF

seminar-mВо организација на Националната установа Библиотека „Гоце Делчев" и Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски" во Штип, на Факултетот по Информатика се реализира дводневен семинар на тема „Комуникациските процеси во современото библиотекарско работење".

Ажурирано ( четврток, 01 јули 2010 18:37 ) Повеќе...
 

Градот под Исарот продолжува на свој начи да живее со културата!

Е-пошта Печати PDF
katerina-stanceva-m"ШКЛ со нотите на сериозната музика, соло пеењето и сценската уметност на ДМУЦ „С.Михајлов" "

Во рамките на програмата на ШКЛ , вчера вечер, во Безистенот штипјани можеа да уживаат со нотите на класичната музика и учениците на професорките по соло пеење, од ДМУЦ „Сергеј Михајлов", Катерина Станчева и Виолета Вучкова. Со пијано придружбата на сцената беше, проф. м-р Марија Максимова, а со свој концерт соло пеење настапи, Натали Рогожарова. Публиката ги виде и слушна, исто така и Марија Докузова, Тодор Арсовски и Бојана Михајлова, ученици од музичкото училиште, гости на Натали Рогожарова.

Ажурирано ( четврток, 01 јули 2010 18:42 ) Повеќе...
 

Македонско, штипско пазарно пулсирање!

Е-пошта Печати PDF
pazar-mНа градскиот пазар во Штип денес цените пристапни, но потрошувачкиот граѓански буџет повеќе од скромен, барем така велат пазарџиите, продавачи.

Поголемата гужва на штипскиот градски пазар денес се случуваше во попладневните часови, затоа што повеќето штипјани пазаруваа по завршувањето на егзистенционалните работни обврски. Најмногу се продаваше зеленчукот, како и актуелното овошје,

Ажурирано ( среда, 30 јуни 2010 16:47 ) Повеќе...
 

Јазик / Language

English Croatian French German Spanish Macedonian

Пријатели

Banner
Banner
Banner
Banner
Кликнете на логото на нашите пријатели за да го посетите нивниот сајт.

Барај

Вкупно посети:
mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенеска127
mod_vvisit_counterВчера223
mod_vvisit_counterОваа недела750
mod_vvisit_counterОвој месец350

Посетители

Има 8 гости активни на сајтот

МУЗИЧКИ МИКС - ТОП 5

Гласајте и креирајте ја нашата топ листа